Куманово веднаш до Скопје по малолетничка деликвенција

Претставници од образованието, Министерството за внатрешни работи, судот, обвинителството, јавните институции но и ученици, денеска присустуваа на трибина на која се дебатираше за законот за детска правда, како и програмата која треба да започне да се имплементира насловена „Вештини за тинејџери“.

Членот на државниот совет за превенција од детско пристапништво како и националниот координатор на програмата, Миле Гиновски, кој по професија е криминолог, истакна дека поттик за овој настан биле загрижувачките податоци, односно бројките на прекршоци кои што ги предизвикале малолетници во Куманово, бидејќи речиси се поклопуваат со оние од Скопје.

-Во смисла за 2017 та година во Куманово, мислам дека 278 има Скопје малолетниците за кои е веќе побарана помош од Центрите за социјална работа а Куманвоо 265. Мала е разликата, за тоа се прашуваме на што се должи тоа, ние како државен совет немаме квалитативни туку квантитативни податоци. Овие бројки што ги имаме ќе ги разгледаме на што се сето тоа должи и зошто се повторува секоја година-истакна тој.

Што се однесува до „Вештини за тинејџери“, Гиновски посочи дека се работи за мултидисциплинарна програма која е поврзана со градењето вештини кај малолетниците, тинејџерите за справување при секојдневните проблеми.

-Посебно се ориентирааат кон нагласената улога на семејството во оваа програма, бидејќи семејството според мене како експерт има доста значајна улога. Преку Вештини за тинејџери ние градиме вештини за да тие навреме се справат со предизвиците, искушенијата што денес ги деменеат во секој дел од градот, местата на живеење, училиштето, таа програма е многу добра и веќе училиштето Бајрам Шабани е определено треба да стартува. Интенцијата е оваа програма да се прошири во сите училишта, доколку тоа успееме да го направиме тврдатм дека можеме да си ги спасиме децата од сите овие социо девијантни појави-нагласи тој.

Програмата „Вештини за тинејџери“ засега се спроведува во 105 земји во светот.

 

 

Коментари

коментар(и)