Куманово – домаќин на Отворено првенство на Македонија во тенис

Тенискиот клуб „ТУМБА“  од Куманово викендов беше домаќин на Отвореното првенство на Македонија за јуниори и јуниорки до 14 години. Кај јуниорите триумфираше членот на ТК „Круна“ , Александар Грујиќ кој беше подобар во финалето од Иван Трпковски од ТК „Чери“. Кај девојчињата најдобра беше Анастасија Арсовска од ТК „Југ“ која во финалниот меч беше подобра од Лина Николовска исто така од тенискиот клуб „Југ” од Скопје . Членот на „ТУМБА“ Алексеј Стојановски го освои третото место откако својот настап го заврши во полуфиналето на турнирот. Мечевите се одиграа на тениските терени кај Спортската сала во Куманово.

Коментари

коментар(и)