Кумановски пожарникари интервенираат во неготинско

Екипа на територијалната противпожарна единица Куманово утрово заминала во неготинско за интервенции на тамошен пожар, информираа денеска надлежните од ТППЕ Куманово. Кумановските пожарникари во текот на вчерашниот ден гаселе пожари на седум локаци.  Екипите интервенирале на опожарен деловен објект и запален смет на улицата „Гоце Делчев“, во селото Речица гаснеле опожарен електричен столб и запалена викендичка, а на улицата „Доне Божинов“, и во селата Режановце и Кшање интервенирале заради запалена сува трева. И во липковското село Опае пожарникарите гаселе опожарена сува трева.

Коментари

коментар(и)