Малолетник физички нападнат од врсник

Малолетник од Куманово викендов бил физички нападнат од врсник, соопшти МВР. Случајот во полицијата го пријавила мајката на нападнатиот, 41 -годишна кумановка, според која, на 14 октомври годинава  околу 21.30 часот во централното градско подрачје, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник, кој употребил и тврд предмет, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Коментари

коментар(и)