МВР објави фотографија од исчезната Вања

МВР на својата веб страна, односно во регистарот на исчезнати лица на Македонија, со фотографија и опис ја објави и Вања Ѓорчевска која исчезна вчера наутро во центарот на Скопје.

Опис: висина 175 см, тежина 58 кг, коса темнокафеава, очи кафеави, носи протези на горните и долните заби, има бенка на десна страна од лицето. Облечена во син блузон, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафеави линии. Со себе носи школски ранец и мобилен телефон „ајфон“, се наведува во објавата на МВР.

Секој кој има информации, се моли да пријави до центарот 112 или до нејзината мајка Зорица на телефонскиот број 075-400-816.

Коментари

коментар(и)