МВР: 196 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 196 возачи. Од нив, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 108 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 88 надвор од населено место, соопштија надлежните.

Коментари

коментар(и)