МВР: 205 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (12.06.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 205 возачи. Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа, 134 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 71 надвор од населено место, соопшти МВР.

Коментари

коментар(и)