МВР: 537 санкции за брзо возење во земјава

Во текот на вчерашниот ден (27.09.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе контрола во земјава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 537 возачи. Од нив, 32 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 274 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 263 надвор од населено место, информираат надлежните

Коментари

коментар(и)