„Мерцедес“ изгоре на наплатната рампа Романовце

На наплатна рампа Романовце, на автопатот Куманово-Скопје, вчера околу 13 часот настанал пожар во патничко моторно возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, сопственост на кумановец, соопштија од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема.

Извршен е увид од екипа на кумановската полиција, по што ќе се утврди причината за несреќата и материјалната штета.

Коментари

коментар(и)