Меѓународна поетско-културна манифестација Анте Поповски-Антево перо

Во Центарот за култура во понеделник со почеток во 19 часот ќе се одржи меѓународната поетско-култуна манифестација Анте Поповски-Антево перо. Ќе се промовира зборникот на трудови Антево дело. Промотор ќе биде проф. Д-р Кристина Николовска, која ќе одржи беседа за великанот. Предвидена е и проекција на видео материјал со кус рецитал за Поповски и снимки од негови песни во интерпретација на артистите Софија Гогова Врчаковска и Игор Џамбазов.

Коментари

коментар(и)