Министерството за одбрана со јавен оглас за прием на сто и педесет професионални војници

Министерството за одбрана денеска го објави Јавниот оглас за прием на 150 професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија.

Рокот за пријавување на кандидатите е 15 денаMini вклучувајќи го и денот на објава.

Условите за пријавување на лицата на јавниот оглас се следни:

– да се државјани на Република Северна Македонија;

– да се полнолетни;

– да имаат завршено најмалку средно образование;

– да не се постари од 25 години на денот на завршување на огласот за прием и да се здравствено и физички способни.

Платата на идните професионални војници од моментот на склучување на договор ќе изнесува над 31.000,00 денари со дополнителни над 10.000,00 денари – средства  за станбено обезбедување.

Кандидатите за професионални војници својата пријавата може да ја поднесат на неколку начини:

– по електронски пат заедно со потребните документи на следниот

е-маил:  javenoglaspfv@morm.gov.mk;

– до Одделенијата за одбрана во или блиску до местото на живеење, заедно со потребните документи.

Во постапката за избор, кандидатите за професионални војници ќе подлежат на тестови за физичка подготвеност и на здравствени прегледи спроведени од посебни комисии

Подетални информации во однос на Јавниот оглас може да се најдат на веб страната на Министерството за одбрана https://www.mod.gov.mk

 

Коментари

коментар(и)