МКК Куманово и КК Куманово денеска започнуваат со натпреварите

Младинскиот кошаркарски клуб Куманово и Кошаркарскиот клуб „Куманово 2009“ вечерва ја започнуваат натпреварувачката сезона во Втората кошаркарска лига.

На домашен терен МКК Куманово го пречекува составот на КК Тетекс во спортската сала на СОУ „Перо Наков“ со почеток во 20:30 часот.

Тренер на клубот ќе биде Марин Докузовски, а во ростерот на располагање ќе има претежно домашни кошаркари кои изминатите години беа подмладок на КК Куманово.

Од друга страна, „Куманово 2009“ натпреварите ги стартува на гостински терен под тренерство на Горан Димитријевиќ.

Вечерва во Прилеп со почеток во 19:00 часот силите ќе ги одмерат со КК Мега Баскет.

Коментари

коментар(и)