На ГП „Белановце“ приведен државјанин на Норвешка баран од Интерпол

МВР информира дека вчера во 16,30 часот на Граничен премин „Белановце“, полициски службеници привеле 29-годишен државјанин на Норвешка бидејќи по извршена проверка било констатирано дека евидира во службената евиденција на стоп листата на Интерпол.

Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Коментари

коментар(и)