Одбележан Денот на Командата за операции

Со воена свеченост, денеска во касарната Боро Менков, припадниците на Командата за операции го одбележаа Денот на единицата.

Пред присутните се обратија бригаден генерал Бесник Емини, командант на Командата за операции и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

Според Министерството за одбрана, за ден на Командата за операции е одреден 17 октомври, како еден од значајните историски настани врз кои се темелат традициите на Армијата, кога во 1887 година во селото Кресна е формиран штабот на Кресненското востание, што воедно e и ден кога е кренато востанието.

Коментари

коментар(и)