„Не, за семејно насилство “е темата на трибината која Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово ја организираше по повод одбележување на Меѓународниот ден за ненасилство. Над 85 посто од случаите, жртва на семејно насилство е жената и покрај тоа што Законот за спречување, превенција и заштита од семејно насилство е родово базиран, потенцираше предавачот на трибината, Душко Миновски од Министерството за труд и социјална политика.
-До сега семејното насилство се третираше во три закони, кривичен закон за социјална заштита и закон за семејство и сега донесовме еден единствен само за да граѓаните стекнат доверба во институциите на системот. Значи имаме законска рамка и механизми за заштита, сега само треба да ја подигнеме свесноста кај луѓето за да говорат за тоа, вели, Душко Миновски, државен службеник во Министерството за труд и социјална политика.
На трибината беше посочено дека наместо насилството треба да се развиваат хуманите односи бидејќи секој проблем може да се реши на цивилизиран начин, а не по пат на физичко и психичко насилство.
-Се нудат неколку нови моменти, демнењето како вид на семејно насилство кој го немавме до сега, а кое претставува сериозно психолошко насилство.Воведуваме за прв пат еден безбедносен план во кој Центарот за социјални работи води грижа за жртвата, а инволвирани се и лица од здравство и од судот, објаснува Миновски.
Миновски објасни дека причините за семејно насилство најчесто се конзумирање на алкохол и дрога, крути, традиционални обрасци на однесување и општествено -економската состојба. Тој им порача на присутните дека треба да се почитуваме самите себеси за да може да ги почитуваме и другите.