Од понеделник втора смена во градинката Пчелка

Од понеделник во детската градинка Ангел Шајче се отвора уште една група втора смена, информира директорката Марина Алексовска. Сите заинтересирани родители за оваа комбинирана група која што ќе работи во рамките на објектот Пчелка во населбата Гоце Делчев, можат да поднесат барање во управата на Ангел Шајче, во близина на спортската сала.

-Работното време на групата е од 12 до 22 часот навечер. Ваква група втора смена работи во склоп на детската градинка Ангел Шајче уште од 1998 –та година,  меѓутоа согласно препораките и програмата на Владата на РМ министерството ни испрати допис каде има можност да се преадаптира некој простор и да се отвори уште некоја група која што ќе работи во втора смена секако со обезбедени средства од страна на министерството за труд и социјална политика за вработување на тие двајца луѓе. Знаеме дека самата програма на Владата на РМ планира и втора смена на самата администрација , а ние како даватели на услуги треба да им излеземе во пресрет на тие вработени кои што ќе работат во втора смена да работат смирено додека за нивните деца ние ќе се грижиме да бидат згрижени, едуцирани, социјализирани во просториите на детската градинка Ангел Шајче. Затоа уште еднаш ги повикувам сите граѓани кои имаат потреба од користење на нашите услуги да дојдат во просториите на Управата и да си поднесат барање за групата која што ќе биде отворена во објектот Пчелка во населба Гоце Делчев, изјави Марина Алексовска, директор на ЈОУД „ Ангел Шајче “

Досегашните искуства покажуваат дека има интерес за втора смена меѓутоа просторните капацитети , како што вели Алексовска се навистина мали заради што постојано се залага и испраќа дописи и до министерството за труд и социјална политика  и до општината за проширување на капацитетите на детската градинка.  Доколку се прошират  просторните капацитети ќе се овозможи вакви групи кои што ќе работат втора смена да се отворат во сите шест објекти на Ангел Шајче.

Коментари

коментар(и)