„Ожалостена фамилија“се изведе во Центарот за култура

Драмската аматерска група синоќа премиерно во Центарот за култура Трајко Прокопиев ја изведе комедијата „Ожалостена фамилија“. Претставата која е  по текстот на Бранислав Нушиќ, овој пат беше во режија на  Тони и Христина Станковски. Младите актери комедијата која е напишана пред 80-тина години, а изгледа како да е пишувана денес, во преполната сала на Центарот за култура ја изведоа на кумановски дијалект. Во претставата учествуваа Мики Јаневски, Јована Стоилковска,  Стефан Тасиќ, Марко Ѓорѓиевски, Јована Давиткова, Марко Апостоловски, Ангела Димевска, Симона Атанасовска, Ивана Трпеска, Бојан Крстевски и Александра Димитриевска.

-Со овој проект започнавме во мај но имавме проблеми кои моравме да ги повикаме режисерите, тие дојдоа ни помогнаа, се потрудивме доста, еве резултираше со полна сала. Дадовме се од себе, бевме полни со енергија и мислам дека тоа вроди со плод-истакна еден од актерите.

-Мојата улога беше Гина, јас во поголем дел од претставата плачев и ми беше потешко бидејќи треба да се навикнам на плакањето, но со доста проби се навикнав-дополни друга актерка.

-Мојата улога беше Вида таа беше лицемерна, со остар карактер и ми беше тешко да влезам бидејќи јас по природа не сум таква и многу е тешко да се глуми нешто што не си тогаѓ всушност глумиш, ми требаше долг период но со секојдневни проби успеав и се надевам дека не очекуваат нови предизвици, претстави каде што ќе го глумам и тоа што не сум-додаде трета актерка.

Поради големиот интерес посочија дека планираат претставата да има и  репризни изданија. Дополнија дека овој успех ќе ги мотивира за уште поголеми проекти.

 

Коментари

коментар(и)