Граѓаните на Куманово редовно ги подмируваат своите даночни обврски. „Општина Куманово досега има наплатено околу 60 проценти по основ на данок на имот за физички и правни лица, како и за фирмарина“, информира раководителката на Секторот за даноци и такси, Фросина Краљевска, посочувајќи дека се очекува наплатата да биде зголемена до крајот на годината.
Во меѓувреме, се дистрибуираат решенија за данок на имот за годинава, но и опомени за неплатени даночни обврски од страна на правните лица и за фирмарина за минатата година.