Општина Куманово аплицираше со три инфраструктурни проекти на владиниот повик

Со 250 милиони евра обезбедени од Владата, ќе се стимулира развојот на општините и ќе се подобрува животот на граѓаните.

На јавниот повик, преку кој општините ќе аплицираат со инфраструктурни и капитални проекти врз основа на претходно утврдени критериуми и процедури, општина Куманово аплицираше за реализација на три проекти. Според раководителката на Секторот за комунални работи, инфраструктура и сообраќај, Лидија Ланг Спасовска станува збор за следниве проекти:
– изградба на атмосферска канализација на ул.„Бајрам Шабани“ во Куманово,
– изградба на водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација,
изградба на дел од внатрешни сообраќајници, воспоставување на режим на
сообраќај и осветлување на дел од внатрешни сообраќајници во индустриска
зона – општина Куманово и
– изградба на секундарна дистрибутивна гасоводна мрежа во општина Куманово,  делот од ул.„В.С.Бато“ до с. Доброшане.

Вкупната вредност на проектите е околу 4 милиони евра со вклучен ДДВ. За точната вредност на секој проект ќе се знае откако ќе се спроведе јавна набавка за избор на најповолен економски оператор за реализација на истите, соопшти Ланг Спасовска.

Коментари

коментар(и)