Осумдесетина возачи викендов казнети во Куманово

Над 80 возачи викендов биле казнети на подрачјето на Куманово поради непочитување на сообраќајните правила и прописи.

Според СВР Куманово, најголем дел од казните биле изречени за неносење кацига – 33, потоа следуваат казни изречени на возачи кои возеле под дејство на алкохол – 22, 19 казни за управување возило без возачка дозвола, 3 за нерегистрирано возило, една за минување на затворен сигнал -црвено светло и четири за возач- почетник.

Сообраќајните контроли, како што додаваат од полицијата, продолжуваат и во наредните денови.

Коментари

коментар(и)