Отворениот кабинет на Спасовски наскоро во Крива Паланка

Проектот „Отворен кабинет“ на Министерството за внатрешни работи продолжува на 29 септември, во просториите на ОВР Крива Паланка. Како што се наведува во соопштението, граѓаните од ова подрачје во текот на оваа недела, телефонски на бројот 072 33 31 85 или електронски на MVRJAVNOST@moi.gov.mk, можат да си закажат термин за средба со министерот.

Проектот „Отворен кабинет“ на МВР во рамки на утврдениот концепт „МВР за ГРАЃАНИТЕ“, веќе е реализиран во СВР Штип, во ОВР Струга, ОВР Кавадарци, потоа во СВР Тетово и СВР Битола.

Коментари

коментар(и)