Отворен новиот продажен салон на ЕКСТРА МЕИН

Од денеска уште еден продажен салон на ЕКСТРА МЕИН, четврти по ред во нашиот град. Редовните потрошувачи имаат можност своите омилени месни производи да ги купат и во новоотворената продавница кај соколанскиот парк. Останатите три салони се на добро познатите локации, кај зелен пазар, кај реонскиот пазар и во централното градско подрачје на улицата „Гоце Делчев“.

ЕКСТРА МЕИН е познато име во прехранбената индустрија, компанија која успешно работи во доменот на преработка на месо и производство на сувомесни производи. Во своите речиси три децении постоење компанијата разви и усвои софистицирана технологија за преработка на месо, со што е постигнат еден префинет и препознатлив вкус на секој наш производ. Целиот период континуирано инвестиравме во високотехнолошка опрема за преработка на месо, секогаш во чекор со последниот збор на технолошките достигнувања. Со тоа постигнавме голема продуктивност, ефикасност и производ со константен квалитет. EKСТРА МЕИН го има имплементирано меѓународниот систем за производство на безбедна храна HACCP. Тоа е доказ дека фирмата документирано користи суровини од европски и светски познати и признаени компании и дека ги задоволува строгите хигиенски и безбедносни барања што ги предвидува HACCP системот. На полето на продажбата, ЕКСТРА МЕИН има развиено дистрибутивна мрежа низ целата територија на Македонија. Менаџерскиот тим е составен од млад, високообразован кадар, оспособен за вистинско и навремено донесување на сите одлуки за успешно работење. Покрај од технолошки , квалитативен, комерцијален и во безбедносен аспект, фирмата ни најмалку не заостанува и во своите маркетингшки активности. Во сите овие години на успешно работење, во кои главното мото на менаџерскиот тим и на сите вработени беше со квалитетен и деликатесен производ да се придобијат купувачите, ЕКСТРА МЕИН успеа да израсне во ПРЕПОЗНАТЛИВ БРЕНД НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР, постојано држејќи се до СЛОГАНОТ: На сите кои храната ја доживуваат не само како потреба, туку и како уживање и задоволство, им препорачуваме: Време е за нешто екстра!

Наредната година ЕКСТРА МЕИН ќе прослави 30 годишен јубилеј.

Коментари

коментар(и)