Откриени мигранти во возило на автопатот Табановце -Куманово

МВР соопшти дека вчера попладне околу 17.50 часот на автопатот „Пријателство“, делница Табановце-Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот лишиле од слобода 34-годишен државјанин на Република Србија.

„Во возило „фолксваген пасат“ со регистарски ознаки на друго возило, кое го управувал, биле пронајдени 12 лица мигранти од Непал“, соопшти МВР.

Сторителот бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коментари

коментар(и)