Петнаесетина пожари вчера во кумановско

Пожари на петнаесетина локации во кумановско вчера гаснеле пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Куманово,  информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.

Најголем дел од интервенциите биле на запалена сува трева и стрништа, и тоа во селата Шупли камен, Пчиња, Никуштак, кај железничката пруга помеѓу селата Љубодраг и Романовце, во населба Карпош, во село Тромеѓа, сува трева горела и на потегот Шупли камен- Клечовце, Агино село итн.

На улицата „Трст“ била опожарена куќа, а кај т.н. „Пчински пат“, односно на улицата „Народна револуција“ бил опожарен камион на јавното претпријатие „Чистота и зеленило“.

Полни раце работа имало и за пожарникарите на ТППЕ Старо Нагоричане. Имале една интревенција, но посериозен пожар кој зафатил сува трева, стрниште, шума и два до три декари лозје, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Коментари

коментар(и)