Повредени двајца возачи во сообраќајна незгода

МВР информира дека вчера во 18.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово-Скопје, патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 22-годишен скопјанец, удрило во запрено патничко возило „фолксваген голф“ со светиниколски регистарски ознаки, паркирано од 20 -годишен кумановец. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, а двајца сопатници од запреното возило од Куманово, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Коментари

коментар(и)