Општинскат организација на Црвен Крст Куманово организираше поетски читања во рамките на проектот промоција на хумани вредности. Освен волонтерите со песни се претсавија и писателите. Преку ПХВ проектот активистите на Црвениот Крст реализирале неколку хумани дела со кои им е помогнато на граѓаните на Куманово.
– Нашиот проект беше да споделиме насмевка, собравме парични средства и на едно сиромашно семејство му изградивме тоалет и се надеваме дека им ја вративме насмевката на тие луѓе,вели Мирлинда Реџепи, дисиминатор во ОО Црвен крст Куманово.
ПХВ проектот веќе 17 години се спроведува во Македонија, а преку него младите учат за културата како систем на вредности, дијалогот како основен предуслов за градење на интеркултурно опшество и при тоа се поттикнати да бидат активни и да изработуваат мали проекти за доброто на заедницата.
– Преку оваа поетско читање сакаме да испратиме порака за ненасилство, толеранција, интеркултурно општество и соживот меѓу граѓаните, вели Сања Росевска, дисиминатор во ОО Црвен крст Куманово.
Претставниците на Црвениот Крст посочија дека преку поезијата младите испраќаат порака за разновидноста на културите и толеранцијата, дијалогот и соработката, взаемната доверба и разбирање кои се најдобрите гаранции за мирот и соживотот.
– Ќе се претставам со моја лична творба „Црвен Крст“. Мојата мотивација за песната беше да покажам што научив од Црвениот Крст и ги објаснив сите хумани дела, вели Христина Петровска, волонтер во ОО Црвен крст Куманово.
– Јас сум веќе 2 години волонтер во Црвен Крст и ги поканувам сите млади луѓе да волонтираат, учите нови работи и им помагате на луѓето, вели Елвина Исмаили, волонтер во ОО Црвен крст Куманово.
Секоја година покрај обуката за дисеминација 1200 младинци од цела Македонија на возраст од 13 до 17 години добиваат и обука како да изработуваат мали проекти. Оваа година, од страна на учесниците во ПХВ циклусот , изработени се 192 мали проекти преку кои им е дирекно помогнато на околу 4000 лица.