Пожари на повеќе локации во кумановско

Екипи на Територијалната противпожарна едница Куманово во текот на вчерашниот ден интервенирале на пожари на повеќе локации, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во селото Доброшане изгореле семејна куќа и помошна просторија, при што е причинета поголема материјална штета. Во атарот на селата Којнаре, Речица и Биљановце горела сува трева, а сува трева горела и покрај патниот правец Куманово – Граничен премин Табановце во близина на истоименото село и на локалитетот Пармакови ниви. Пожари беснееле и во текот на ноќта.

Во атарот на селото Кучкарево се запалила сува трева во близина на регионалниот патен правец Куманово – Свети Николе. На истата локација кај селото Кучкарево во текот на ноќта паднало опожарено дрво, при што пожарникарите повторно излегле на терен. Успеале да го изгаснат огнот и да го отстранат дрвото од коловозот до шест часот утринава кога се вратиле во станицата.

Коментари

коментар(и)