Пожарникарите со десет интервенции во изминатото деноноќие

Десет интервенции во текот на изминатото деноноќие бележи Територијалната противпожарна единица Куманово. Запалена сува треба пожарникарите гаснеле во селата Никуштак, Умин дол, Тромеѓа и во населба Карпош. Опожарена била и поголема површина со трева и стрништа во во атарот на Пуковско и Проевце, Шупли камен и Доброшане, во атарите на селата Речица и Ваксинце, Брзак, Романовце и во населбата Перо Чичо, каде што екипа на противпожарната единица интервенирала во близина на репетиторите.

Коментари

коментар(и)