Пожар во стан предизвикан од плинска боца

Плинска боца рано утрово предизвикала пожар во стан од станбен објект на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово.

Според билтенот на Регионалниот центар за управување со кризи, двајца пожарникари изглегле на интервенцијата околу четири часот и петнаесет минути утринава.

Пожарот бил изгаснат за дваесетина минути и нема причинето поголема материјална штета., стои во билтенот на РЦУК.

Кумановските пожарникари вчера гаснеле и два пожари предизвикани од запалена сува трева.

Коментари

коментар(и)