Полицијата приведе шверцер на мигранти

На автопатот Табановце – Куманово, во близина на село Табановце, синоќа околу 19:35 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот лишиле од слобода 27-годишен скопјанец.

Од МВР денеска соопштија дека на наведеното место, полициски службеници  сопреле возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, од кое излегол возачот со осум мигранти од Сирија и се обидел да избега.

„Набргу бил фатен и лишен од слобода. Возачот и возилото биле задржани во полициска станица, а по наредба на јавен обвинител, мигрантите биле сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје и во Транзитниот центар Табановце. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од МВР.

 

 

Коментари

коментар(и)