Помалку запишани првачиња досега од претходната учебна година

930 првачиња заклучно со мај месец се запишани во кумановските основни училишта за учебната 2024/25 година. Уписот на учениците во прво одделение трае до први септември, соопштија надлежните на последната седница на Советот на општина Куманово.

„Последниот пресек е направен по завршување на месец мај, тогаш беа запишани 930 ученици. Ако ја споредиме таа бројка, иако уписот трае до 1 септемри, имаме родители кои ги запишуваат своите деца и по 1 септември, но ако ја споредиме бројката со минатата учебна година кога во сите општини на територија на Република Македонија белеше пад ние имавме пораст од 10 првачиња. Имавме 1080 првачиња, сега ако ја споредиме бројката на почеток на јуни е 930 ученици што значи огромна бројка на ученици кои не само што не се запишани, туку и не се тука. Она што го имам за учениците Роми, многу помалку од лани се запишани, она што го имам како информација заклучно со јуни се запишани 25 ученици Роми. Директорите имаат постапено согласно закон, доставени се три покани на домашна адреса, ако не се јави родителот на три покани во своето реонско училиште се известува општински просветен инспекторат, а ако инспекцијата не ги пронајде овие ученици до 1 септември тогаш се известува СВР Куманово и треба да излезат и тие на терен, рече Александар Јовановиќ, раководител на Секторот за образование.

 

Коментари

коментар(и)