Потпишан договор за улично осветлување во општина Куманово

138 улични светилки со соларно напојување ќе бидат поставени во наредниот период на неколку локации во Куманово. Според надлежните, станува збор за населените места: Бавчи (50 светилки), Средорек (34 ),  Карпи (50 ) и ул. „Тане Георгиев“ (4 ).

Договорот за оваа локална акција е потпишан денеска во општина Куманово, помеѓу Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“ од Скопје и општина Куманово.

„Општина Куманово ќе ги замени постоечките улични светла со соларно напојување, преку фирма која е задолжена за одржување на уличното осветлување. Со поставувањето на новото осветлување во должина од околу 11 километри, жителите на населените места повеќе нема да имаат проблеми со осветлувањето. Планираната вкупна вредност на акцијата е близу 1,3 милиони денари, изјави Ахмет Јашаревски, општина Куманово

Ромската заедница од Куманово, преку доброволна работа ќе биде вклучена во процесот на замена.

Локалната акција Институтот „Ромалитико“ ја имплементира преку проектот „Заедно за просперитетна заедница“, кој финансиски е поддржан од американскиот народ, преку Агенцијата на САД за меѓународен развој – УСАИД.

Коментари

коментар(и)