Почна тампонирање на пат во Шупли Камен

Почна тампонирање на патот во кумановското село Шупли Камен, информираа денеска надлежните од одделението за комунални дејности од општина Куманово.

– Ќе се тампонираат 1, 4 километри од патот во ова населено место по барање на жителите. Градежните активности ги извршува избрана компанија, изјави помошникот раководител на одделението, Момчило Јовановски.

Според електронскиот систем за јавни набавки за тампонирање во селата и приградските населби во Куманово избрана е компанијата „ФИШЕР-ТИХИ ДОО увоз-извоз с. Карпош-Куманово“. За тампонирање во повеќе населени места, рурални и приградски населби, општината од буџетот одвои 4.712.610 денари. Во близина на село Шупли Камен во тек е изградба на пругата кон Бугарија.

Жителите очекуваат по завршување на изградбата на пругата да добијат и соодветен асфалт во селото.

Коментари

коментар(и)