По втор пат фестивалот „Денови на прозата“

Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово на 25 и 26 мај по втор пат го организира Меѓународен фестивал „Денови на прозата“ 2023, поддржан од Министерство за култура. Фестивалот е  релативно нов, со надеж дека ќе прерасне во манифестација со долга традиција на која ќе се негува, презентира и популаризира пишаниот збор, велат организаторите. Отварањето на фестивалот е на  25-ти (четврток) во 20 часот со учество на академикот Влада Урошевиќ и авторката Даница Вукиќевиќ- добитничка на Нинова награда. Станува збор за фестивал на кој се промовираат домашни и странски писатели, автори на прозна литература.

 

Коментари

коментар(и)