Премиерот Мицкоски најави ограничување на цените на училишните производи

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите најави дека ќе следува ограничување на цените на училишните производи со цел олеснување на трошоците за родителите на стартот на новата учебна година, објавија националните медиуми.

„Се надевам дека во текот на денот таа анализа ќе биде готова и ќе излеземе со предлог-мерки на утрешната владина седница, а веднаш по завршувањето и по успешното усвојување на мерката ќе имаме и прес-конференција за да може да ги соопштиме сите овие податоци. Така што, да, се подготвуваме да го олесниме трошокот на родителите со лимитирање на цените на основните производи кои се најпотребни за успешен старт на учебната година“, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по денешната посета на ОУ „Стив Наумов“.

 

Коментари

коментар(и)