Премиерот Христијан Мицкоски со плата од 2.280 евра

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски имаат најголеми плати во Владата. Тие месечно земаат по 140.450 денари, или, 2.280 евра. Сите други министри земаат по 115. 540 денари, односно 1.870 евра. Платата на Тошковски е повисока од платите на другите министри по Одлуката на Владата од јуни 2017-та, со која министерот за внатрешни добива посебен додаток од 20 отсто, што ги изедначува неговите примања со оние на премиерот.

Владата ги објави овие податоци на својата официјална страница во делот „отчетност“, со образложение дека тоа е дел од заложбите на Владата за поголема дигитална транспарентност и дека висината на платите е јавен податок.

Коментари

коментар(и)