Престрелка во Куманово, повредено едно лице

49- годишен кумановец завршил со прострелни повреди во нозете во синоќешната престрелка во центарот на Куманово.

Според СВР Куманово, синоќа во 17.17 часот во полицијата било пријавено дека на улицата „Борис Кидрич”, 44- годишен кумановец  испукал со пиштол и повредил 49 -годишно лице во пределот на нозете.

Според пријавеното, причина биле меѓусебни нерасчистени односи.

– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението на кумановската полиција.

Претходно, како што информираа од кумановската болница во 17.38 часот кај нив со возило на Итна медицинска помош било донесено едно повозрасно машко лице со две прострелни рани на двете нозе.

По пружање на првична помош, лицето со медицински персонал, поради сериозноста на повредите било пренесено на Клиниката за васкуларна хирургија во Скопје.

Коментари

коментар(и)