Претставници на клубот „Мечки“на средба со Димитриевски и Ѓорѓиевска

Градоначалникот Максим Димитриевски и претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска денеска остварија средба со претставници на мото клубот „Мечки” од  Куманово. Средбата се одржа по повод одржаниот дводневен „Bears moto rock fest” на спортскиот аеродром Аџитепе, поддржан од општина Куманово. На средбата беа доделени благодарници на градоначалникот Димитриевски и на претседателката Ѓорѓиевска за континуираната поддршка во беспрекорната организација и одржување на оваа традиционална музичка манифестација. И оваа година повеќето рок бендови од земјава и соседството понудија богата музичка програма, на задоволство на многубројната публика.

Коментари

коментар(и)