Приведена куманова заради марихуана

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово на 23 септември годинава лишиле од слобода 24-годишна кумановка.  При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицето, како што додаваат од МВР, било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коментари

коментар(и)