Приведени крадци кои „оперирале“ во автомобили

МВР информира дека вчера во 11.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода двајца кумановци на возраст од 30 и 36 години, поради сомнение дека изминатиот период со употреба на сила влегле во пет патнички моторни возила и одзеле различни предмети.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Коментари

коментар(и)