Приведен жител на Свети Николе заради прашкаста материја

СВР Куманово информира дека вчеравечер во 21.30 часот полициски службеници лишиле од слобода 31 -годишен жител на  Свети Николе затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја.

Како што додаваат од кумановската полиција, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коментари

коментар(и)