Приведен криумчар на мигранти

МВР информира дека синоќа околу 20 часот на автопатот Граничен премин Табановце- Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север лишиле од слобода 23-годишен гевгеличанец. При преглед во патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое што го управувал, биле пронајдени четири лица -мигранти од Непал. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија надлежните.

Коментари

коментар(и)