Приведен кумановец заради возење со украдени таблички

Во реонот на с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица вчера лишиле од слобода 47-годишен кумановец, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при контрола на патничко возило „крајслер“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал, било констатирано дека регистарските таблички се од друго патничко возило, сопственост на лице од Скопје, а кои биле пријавени за украдени во Полициската станица Драчево.

Возилото било одземено и за настанот бил известен јавен обвинител.

По целосно документирање на случајот против лицето ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР.

Коментари

коментар(и)