Приведен кумановец заради закани кон поранешна партнерка и нејзиното семејство

Четириесет и петгодишен кумановец бил приведен изминатиот викенд по пријава дека се заканувал на поранешната вонбрачна сопруга и нејзиното семејство, информираат од министерството за внатрешни работи.

По целосно документирање на случајот, како што велат од МВР, ќе следува соодветен поднесок.

Викендов, бил приведен и педесет и едногодишен кумановец бидејќи се однесувал агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија, информираат од министерството за внатрешни работи.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

 

Коментари

коментар(и)