Приведен кумановец за кражба

Полициски службеници од СВР Куманово денеска во 10 часот лишиле од слобода 35-годишен кумановец.  Тој се сомничи дека на 15 октомври годинава од возило сопственост на Б.С. од Куманово одзел чанта со пари и други предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот,а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија надлежните.

Коментари

коментар(и)