Приведен кумановец осомничен за извршено кривично дело

Секторот за внатрешни работи соопшти дека вчеравечер во 20 часот полициски службеници лишиле од слобода З5-годишен кумановец. Според полицијата, при преглед кај него била пронајдена прашкаста материја, а потоа при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени монети и други метални предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од крвично дело по член 265 од Кривичниот законик.

Кумановецот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Коментари

коментар(и)