Приведен кумановец, превезувал производи без документација

МВР соопшти дека синоќа во 21.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Белановце при Регионалниот центар за гранични работи Север лишиле од слобода 44-годишен жител на кумановското село Черкези.  Во атар на селото Злокуќане, липковско, тој бил затекнат при обид илегално да оствари влез од Косово во Република Северна Македонија со возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки. При преглед во возилото била пронајдени производи без потребната документација.
Пронајденото било одземено и предадено на Царинската управа за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Коментари

коментар(и)