Пријавување на идните средношколци во училиштата

Полуматурантите денеска и утре ја доставуваат потребната документација во учиилиштата за упис во прва година.

Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 24 јуни 2023 година, најдоцна до 12.00 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

За упис во прва година во средните училишта во општините Куманово и Липково има слободни места за вкупно 2298 ученика. Од нив 2128 се за во четирите кумановски училишта, а 170 места во липковската гимназија.

Коментари

коментар(и)