Продолжен рокот за прибирање предлог-проекти за културни манифестации

За дополнителни 15 дена продолжен е рокот на јавниот повик за прибирање предлог-проекти за организирање на културни манифестации, информираа денеска надлежните од Секторот за култура и спорт во Општина Куманово.

Крајниот рок за поднесување предлог-проекти е петти ноември.

Повеќе информации од изјавата на Александар Крстевски, раководител на Сектор за култура и спорт, социјална и детска заштита во општина Куманово во вестите во 18 и 22 часот.

 

Коментари

коментар(и)