Продолжува чистењето на речното корито

Продолжува акцијата за чистење на речното корито на Кумановка. Утринава со багер се отстрануваше сметот и зараснатите дрвја, по течението на реката од Митев мост кон Маркетот Туш. Акцијата следи по одлука на општинскиот кризен штаб, навремено да се спречи опасност од можни поплави. За оваа намена општината ќе потроши околу 3 милиони денари, а градежните работи ги изведува фирмата Бетон градба од Куманово.

-Целиот тек на реката Кумановка до Проевце,  стадионот Башкими, сега имам една дестинација која ќе биде од Центарот за управивање со кризи ќе добиеме уште 10 тони нафта, која ќе го реши и тој дел на градот. Паралелено во тендерот имаме и мали машини помала механизација за чистење на делот во населбата Карпош во атарот на Прмакови ниви, и Ајдучка Чешка во бари, тој дел ќе биде прочистен затоа што големи колични смет предизвикуваат отежнат проток на надојдени сливни подрачја и можни излевања или оштетувања на индивидувални стопански објекти-изјави градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски.

Инаку утринава екипа го чистеше и коритото на река Кумановка во село Доброшане.

 

Коментари

коментар(и)